Покрај неопходната здраствена заштита и правилна и навремена прихрана на пчелните семејства, за успешно презимување потребно е на истите да им се обезбеди правилна вентилација.

Правилната вентилација е условена од повеќе фактори и постапки кои пчеларот ги спроведува во текот на есента и зимата. За да се обезбеди правилна вентилација во пчелните семејства потребно е пчеларот да ги превземе следните чекори:

– Да се затворат сите мали отвори и пукнатини на кошницата со помош на столарски кит или слично

– Доволно да се отвори летото на влезот на кошницата. Според основни принципи за секоја запоседнат меѓурамков простор (улици) со пчели потребно е да се обезбеди 3 сантиметри на отвор на летото. На пример: 6 улици со пчели треба да се обезбеди 18 сантиметри отвор на летото.

– Во однос на внатрешното средување на кошницата во последно време многу популарно е отстранување на една крајна рамка од северната страна за формирање на воздушен тунел преку кој се одвива олесната циркулација на воздухот во кошницата. Во исто време претставува и своевиден изолатор (воздухот е еден од најдобрите изолатори) од директниот удар на северниот ветер.

Откако ќе се отстранат хранилките потребно е на поклопната даска да се стави затоплувачки материјал за да преку него редовно и константно се елиминира влагата. Материјалот се поставува над отворот за хранилката, но откога преку него се поставува попречна даскичка.

Поставувањето на попречна даскичка

– Затоплувачкиот материјал потребно е да се проверува еднаш месечно и во случај на вага истиот да се преврти или замени со нов.

– Летото секогаш потребно е да биде отворено и непопречено за да може нормално да се одвива циркулацијата на воздухот во кошницата. Затоа треба да се внимава за да не дојде до натрупување на стопен и излизган снег пред самото лето. Треба да се знае дека свежиот снег е порозен и не претставува никаква опасност за пчелните семејства дури и во случај на целосно затварање. Многу поопасно е кога снегот по одреден период ќе се насобере во вид на грутки пред кошницата (најчесто од кровот на кошницата) и како полустврдната материја ќе го блокира летото.

Ваквиот снег може да се заледи и целосно да го оневозможи влегувањето на воздухот. Затоа пчеларот треба ваквиот снег внимателно (без многу тропање) да го отстрани.

Во Република Германија 90% од пчеларите имаат кошници со отворена подница, која во текот на целата зима е отворена со цел да се елиминираат штетните гасови како СО2 и водата т.е водената пареа. Единствен период на затварање на подниците е помеѓу доцен февруари и април, кога површината на леглото е најголема а бројот на пчели најмал.