Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee, со задоволство Ви го претставува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер. MacBee веќе неколку години организира настани од ваков карактер, каде на едно место се собрани ценети домашни и странски научни експерти од областа на пчеларството, професионални пчелари и пчеларски ентузијасти и вљубеници во пчеларството. Како и претходните, така и овој настан претставува одлична можност за надградба на Вашето пчеларско знаење, а воедно и да се информирате со активностите на MacBee.

Настанот ќе се одржи на 28 јануари 2018 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

MacBee со особена чест ги поканува сите вљубеници во пчеларството со своето присуство да го збогатат овој настан.

Комплетната програма на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“, како и начинот на пријавување на учеството, погледнете ги во флаерот – соопштение за Пчеларски-ден-знаење-и-дружење-2018-флаер

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се