За нас

ПЧЕЛАРСТВО ДОДЕВСКИ е пчеларска фарма која  повеќе од 15 години професионално работи со одгледување на медоносни пчели и ги произведува сите пчелни производи, природен мед, матичен млеч, полен,прополис и комбинации помеѓу нив со лековити билки.

Денес располагаме со приближно 400 пчелни семејства распределени во околината на с. Рудник и истите ги селиме во Малешевскиот и Преспапанскиот регион. Гаранција за нашиот квалитетен мед е недопрената природата од човекот каде нема никакво можно загадување, еколошки чисти места во кои пчелите го собираат нектарот од разновидните медоносни и лековити билки.

Нашиот мед не е пастелиризиран, хомогенизиран ниту филтриран со цел да ги задржиме природните состојки како што се поленовите зрна, минералите, органските киселини, ензими, витамини, восочни остатоци и.т.н

Посебно сме горди на производството на матичен млеч, највредниот пчелен производ, кој се добива со сложена пчеларска технологија за која е потребно знаење и вештина.

Професионален пчелар Иван Додевски од  Скопје е роден на 09.07.1988 година е апсолвент на факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, соработник во лабраторијата при факултетот на земјоделски науки и храна.

Има публикувано научни  и стручни трудови во областа на пчеларството и посетувано семинари и обуки, од кои ќе ги споменеме :

– 2009 Обука во институтот по пчеларство во Nea Moudania Greece за лабраториско одредување на степенот на заразеност со спори од Nozema apis кај медоносните пчели

– 2010 учество на Агрономијада во Србија, освоено II место

Презентирање на научен труд (потрошувачка на храна во зимскиот период кај пчелните семејства)

-2010 учество на II студентска смотра при факултетот за земјоделски науки и храна и презентирање на податоците од анализата на потрошувачките навики и перцепции за мед и пчелните производи.

-15.11.2011 сертификат  за учество и презентација на III смотра на студентски трудови на млади истражувачи при факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, презентирање на стручен труд (хигиенско однесување на медоносните пчели во Р. Македонија)

– 2017  учество на манифестацијата ”Денови на Македонскиот мед “ на плоштад Македонија

Посета на светски конгрес за пчеларство Апимондија 2017 во Истанбул, Турција

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се