ВКУСЕТЕ ПРИРОДЕН МЕД

 

 

НАЈДОБРИ КОМБИНАЦИИ НА МЕД И ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА

 

 

ПОСЛЕДНО ОД НАШИОТ БЛОГ

Здравје наспроти болест! МАТИЧЕН МЛЕЧ-Пчеларство ДОДЕВСКИ

Матичниот млеч е познат одамна. Тој бил редок и драгоцен лек кој се чувал само за најбогатите слоеви. Кинезите и Русите веќе одамна го истражуваат неговото моќно влијание на нашето здравје и досега откриле многу чудесни својства на овој природен лек. Тој е еден од...

Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

Пчеларството сè повеќе се сфаќа како сериозна дејност и можност за успешен семеен бизнис. Потенцијалот и перспективите кои ги нуди државава за развој на оваа гранка се големи. Токму затоа потребна е поголема искористеност на сите ресурси, постојана едукација на...

АКТИВНОСТИ НА ПЧЕЛАРИТЕ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

Во периодот на месец  декември пчелите се наоѓаат во зимско клубе. Треба да им се обезбеди максимален мир да нема вознемирувања, освен дотолку тоа  е неопходно. Пчеларот иако нема големи обврски околу пчелите треба да има навика да ги набљудува пчеларниците. Пчелните...

ПЧЕЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ СПОМНУВАНИ ВО БИБЛИЈАТА И КУРАНОТ

Во БИБЛИЈАТА и КУРАНОТ, се препорачува јадењето на мед како здрава храна и лек за сите болести. Во средниот век многу народи од светот го користеле медот како состојка во слатки јадења, а од тоа време потекнува и употребата на медовината како значаен пијалок. Сестрани...

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ МАТИЧЕН МЛЕЧ СО ПРИРОДЕН МЕД

Препорачливиот однос матичен млеч:мед е 1г : 100г. Најдобро е да се користи кристализиран мед, кој се става во емејлиран или порцелански сад, се додава млечот и се меша со дрвена лажица додека на површината не се појави бела пена. Добиената смеса потоа се распределува...

Што е тоа кристализиран мед или во народот познат како шеќердисан мед?

Многу потрошувачи на мед, при купувањето одбегнуваат да набават мед кој е кристализиран и исклучиво бараат течен. Поради тоа многу производители на мед, се обидуваат да го задоволат вкусот на потрошувачите и својот кристализиран мед го доведуваат до привлечна течна...

ПРИРОДЕН ЛИВАДСКИ МЕД

Употребата на медот како храна и како профилактичко, лековито и козметичко средство од далечното минато до денес е поврзана со неговиот вкус, биолошки и фармаколошки својства и со неговиот хемиски состав. Хранливата вредност на медот поради големата количина на јагленохидрати медот е високоенергетки производ – енергетска вредност на 1кг мед  се споредува со онаа на 3кг јунешко месо, 50 јајца, 5,5 литри млеко, 3кг речна риба, 1кг шунка, 5кг портокали, 3кг банани и т.н. Јагленохидратите во медот се состојат главно од гликоза и фруктоза, кои како моносахариди се примаат во организмот побрзо и полесно во споредба од другите шекери.
Повеќе автори го истакнуваат големото значење за човечкиот организам на присутните во медот минерални материи, витамини, ензими, аминокиселини, органски киселини и др. Овие материи се апсолутно неопходни за организмот, меѓутоа нивното количество во 100 грама мед (препорачана дневна доза) е неколку десетици до неколку стотици пати помало од секојдневно потребното количество од овие материи. Според тоа како хранителен производ медот може да се третира како извор пред се на лесно ослободувачкаенергија и лесно приемливи јагленохидрати и како дополнителен, но не и основен извор на другите споменати материи.

Повеќе…

ПРИРОДЕН ШУМСКИ МЕД

Медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам.. Тој се состои од глукоза и фруктоза наречени инвертен шеќер 75%, сахароза 5%, 1% протеини, 10-20% вода, ензими и други супстанции:

  • Од минералите највеќе содржи: калциум, фосфор, магнезиум, калиум, железо;
  • Од микроелементите: бакар, силициум, сулфур, алуминиум и други;
  • Од витамините: A, B1, B2, B6, PP, биотин, фолна и пантотенска к-на и други;
  • Ферменти: инвертаза, дијастаза, каталаза и други;
  • Органски киселини: особено глуконска, тиаминска, малеинска, килибарна, винска, лимонска, оцетна и др;
  • Антибактериски, ароматични и обоени материи што пчелите ги собираат од цветовите заедно со нектарот.

Не случајно медот завзема место во многу диети, како за слабеење, така и за болни лица. Се користи за исцрпени организми, за лица кои конзумираат лекови, заболувања на црниот дроб, жолчката, бубрезите и друго. Медот е идеален за утринска детоксикација.

Повеќе….

МАТИЧНА МЛЕЧ – ПЧЕЛАРСТВО ДОДЕВСКИ

Матичната млеч е концентрација на аминокиселини, витамини , хормони и други за организмот важни компоненти кои благодарејќи на својот богат состав и идеални односи претставува драгоцен биостимулатор на организмот
Матичната млеч е мултивитамински производ со сложен хемиски состав.
Матичната млеч е густа супстанца, слична на кисело млеко, со сивкасто бела боја, киселкаст до неодреден фкус и специфичен мирис.
Матичната млеч содржи белковини, аминокиселини, јаглеро хидрати, масти, минерални материи, ензими и многу витамини.
Во млечот се пронајдени аминокиселини вклучувајки ги и сите есенцијални
Од олигоелементите во млечот се пронајдени: железо, магнезиум, манган, бакар, калиум, хром, сребро, кобалт, алуминиум, бизмут, злато
Во млечот има нуклеинска киселина и ензими: инвертаза, амилаза, ацетилхолин и др
Матичната млеч има антибактериско дејство (бактериостатско и бактерицидно)
Значи матичната млеч го содржи сето она што е потребно за изградба и опстанок на живиот организам.

Повеќе…

ПРОПОЛИС КАПКИ

Научните истражувања во светските лабратории докажале дека прополисот има антибактериско, антивирусно, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство.

Научно е докажано дека тој со своите својства е чист природен антибиотик. Помага во лекување на воспалителни процеси на органите за варење, респираторните и гинеколошките органи, афти, гастрит, чир, ринитис, асматичен бронхитис, ерозија на грлото на матката и други заболувања.

Утврдено е дека позитивно дејствува на дијабетисот со намалување на шекерот во крвта, без негативни ефекти на работата на бубрезите и црниот дроб…

Прополисот има широка употреба во дерматологијата: третирање на рани, изгореници, егземи, габични заболувања.

Специфичниот состав на прополисот ја одредува неговата употреблива вредност како производ со изразени биолошки активности, кои во некои европски земји (Германија, Швајцарија) се третира како лек, а во повеќе други (Австрија, Франција, Шпанија, Јапонија, Бразил, САД) тој се третира како додаток во исхраната. Skenderov and Ivanov (1986) даваат преглед на истражувањата на биолошките својства на прополисот:

Повеќе…

ПРИРОДЕН ЛИВАДСКИ МЕД СО САЌЕ

Употребата на медот како храна и како профилактичко, лековито и козметичко средство од далечното минато до денес е поврзана со неговиот вкус, биолошки и фармаколошки својства и со неговиот хемиски состав. Хранливата вредност на медот поради големата количина на јагленохидрати медот е високоенергетки производ – енергетска вредност на 1кг мед  се споредува со онаа на 3кг јунешко месо, 50 јајца, 5,5 литри млеко, 3кг речна риба, 1кг шунка, 5кг портокали, 3кг банани и т.н. Јагленохидратите во медот се состојат главно од гликоза и фруктоза, кои како моносахариди се примаат во организмот побрзо и полесно во споредба од другите шекери.

Повеќе автори го истакнуваат големото значење за човечкиот организам на присутните во медот минерални материи, витамини, ензими, аминокиселини, органски киселини и др. Овие материи се апсолутно неопходни за организмот, меѓутоа нивното количество во 100 грама мед (препорачана дневна доза) е неколку десетици до неколку стотици пати помало од секојдневно потребното количество од овие материи. Според тоа како хранителен производ медот може да се третира како извор пред се на лесно ослободувачкаенергија и лесно приемливи јагленохидрати и како дополнителен, но не и основен извор на другите споменати материи.

Повеќе…

ПРИРОДЕН  МЕД СО ПОЛЕН

Полен е збир на поленови зрнца од цветните растенија. Во него се содржат речиси сите минерали кои ги има во крвта, посебно е извор на железо, бакар и манган. Пчелите го обработуваат поленот со ензимите , и поленот помешан со медот влегува во процес на млечно – кисела ферментација .

  • Со редовно конзумирање на цветен прав или перга многу се подобрува апетитот , забрзаното растење и развивање. Предноста на цветниот прав во однос на другите прехранбени производи е во тоа што во неговиот состав се присутни основните хранливи елементи : протеин , јаглени хидрати , органски киселини , витамин , микро елементи  , хормони и др .
  • Посебно добро делува на болестите како :  хроничен колитис , нередовна столица , кај дијареа каде што официјалната терапија не помогнала , во лекување на простатата , за лекување на разни заболувања на тенкото и дебелото црево , кај лекувањето на дијабетесот бидејќи  предизвикува и мало зголемување на инсулинот , кај атеросклероза , срце и крвни садови анемија, мажите по 40-тата година за заштита на простата, треба секојдневно да земаат по 1 супена лажица или 15 грама полен дневно.

Повеќе…

ПРИРОДЕН МЕД СО ЃУМБИР

Комбинацијата од мед и ѓумбир се користи во многу земји како традиционален лек кој има мошне поволен ефект врз здравјето на луѓето. Ѓумбирот е познат по своите анти-канцерогени својства и неговата лековитост е призната и се променува како во лекувањето во минатото така и во медицината во денешно време.

Здравствени придобивки од комбинацијата мед и ѓубир:

  • Респираторни проблеми или проблеми со дишните патишта: Комбинацијата на мед со ѓубир делува мошне ефикасно обезбедувајќи инстантно намалување на симптомите на кашлицата, настинките проследени со кашлица и воопшто на сите видови настинки, исто така при болки во грлото и течење на носот
  • Астма:Исто така, комбинацијата на мед со ѓумбир може да биде ефикасен лек кој ги лечи и намалува симптопмите на астмата
  • Проблеми со варењето:Медот и ѓумбирот е добар за стимулирање на органите за варење заради добрите дигестивни својства на ѓумбирот. Поради тоа што и ѓумбирот и медот имаат својства на моќни антиоксиданси тие го подобруваат имунитетот. Затоа конзумирањето на едно лажиче направен од мед и ѓумбир е многу корисно за оние со ослабен дигестивен систем.

Повеќе…

ПРИРОДЕН МЕД СО ЦИМЕТ

Овие производи особено се популарни во традиционалната кинеска медицина и Ајурведата, индиски систем на лекување. Медот нема рок на траење, а циметот е ценет и вреднуван илјадници години наназад. Денес, секој има пристап до овие два производи, чии позитивни ефекти се научно докажани.

Особено е ефективна мешавината од мед и цимет:

  • Корисно е за лекување на бубрежни заболувања
  • Ја подобрува работата на тироидната жлезда
  • Го чисти организмот од токсини
  • Помага за регулирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта
  • Го зајакнува организмот дава енергија и сила
  • Го намалува уморот
  • Го зајакнува имунитетот
  • Има позитивен ефект против алегија
  • Корисно е за ноќно мокрење кај децата

ПРИРОДЕН МЕД СО СЕМЕ ОД КОПРИВИ

Природниот мед во комбинација со семето од коприва е најдоброто лековито средство за прочистување на крвта, со чија редовна употреба значително расте бројот на црвените крвни зрнца. Покрај тоа, постојат и големи причини да се користи во исхраната, утврдено е дека семето од коприва:

  • Корисно е за лекување на бубрежни заболувања
  • Ја подобрува работата на тироидната жлезда
  • Го чисти организмот од токсини
  • Помага за регулирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта
  • Го зајакнува организмот дава енергија и сила
  • Го намалува уморот
  • Го зајакнува имунитетот
  • Има позитивен ефект против алегија
  • Корисно е за ноќно мокрење кај децата

Повеќе…

ПРИРОДЕН МЕД СО ТААН

Медот со сусам е комбинација која би требало почесто да се наоѓа на вашето дневно мени. Не само што е вкусна, туку е и супер лек за целокупното здравје. Оваа природна смеса е извор на витамини Е, А и Б, минерали и омега 3 и 6 масни киселини.

Се препорачува да се консумира наутро, на гладен стомак од следниве неколку причини:

  • го зајакнува имунитетот
  • ја намалува желбата за слатко
  • ги ублажува стомачните болки
  • помага при гастритис, колитис и чир
  • ги зајакнува коските
  • ги стимулира менталните активности
  • ја зголемува физичката издржливост
  • го подобрува квалитетот на косата и кожата

ПРИРОДЕН МЕД СО ЈАТКАСТО И СУВО ОВОШЈЕ

Вистинска протеинска бомба, 100% природен мед со лешник, бадем, орев, семе од сончоглед и тиква, суво грозје, брусница, кокос.

  • За јак имунитет
  • За поголема концетрација
  • За регулирање на крвниот притисок
  • За чистење на крвните садови
  • За зајакнување на крвната слика
  • За повеќе енергија
  • За потенција

ПРИРОДЕН МЕД ОД ТРМКА ВО ГРНЕ

МЕД ВО ГРНЕ ОД ТРМКА е традиционално добиен мед од пчели, собран од  природни предели каде нема никакво можно загадување. Пчелите во трмка се лоцирани во село Рудник, во природа среде лековитите и медоносни билки. Медот од саќето е исцеден во грне и е запечатено со природен восок од пчели. големото значење за човечкиот организам се присутните во медот минерални материи, витамини, ензими, аминокиселини, органски киселини и др. Овие материи се апсолутно неопходни за организмот.

ПРИРОДЕН МЕД ЗА ДЕЧИЊА

Медот е традиционален лек за воспаление на грлото, студии потврдиле дека е поделотворен дури и од медикалентите што се препишуваат во таков случај. Благодарение на своите антивирусни, антибактериски и антигабични својства, медот ги спречува инфекциите, го зајакнува имунитетот и значајно го забрзува закрепнувањето.

МАТИЦИ

Почитувани колеги, да ја продолжиме традицијата и следнава 2018 година со одгледување на пчелни семејства кои имаат квалитетни матици и се одликуваат со добри производни особини од нашата автохтона популација на медоносни пчели.

Матиците се млади селектирани бележани во кафез со упатство за внесување во пчелното семејство. Одбрана е најдобрата линија која се карактеризира со мирна пчела, медопродуктивност и изразено хигиенско однесување (отпорна на болести).

НУКЛЕУСИ

Почитувани колеги, да ја продолжиме традицијата и следнава 2018 година со одгледување на пчелни семејства кои имаат квалитетни матици и се одликуваат со добри производни особини од нашата автохтона популација на медоносни пчели.

Пчелните роеви се состојат од 5 рамки (ЛР) од кој 3 со легло, 2 со мед и полен и млада бележана матица во кафез, припремени во специјален пакет со соодветна вентилација за транспорт и упатство за нивна инсталација. Поседуваат ветеринарен сертификат за нивната здраствена состојба и документ за транспорт на пчели!

ПОГЛЕДНИ ГО ЦЕЛИОТ АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДИ

СИТЕ ПРОИЗВОДИ МОЖЕ ДА СЕ НАРАЧААТ ДИРЕКНО ОД НАШАТА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА.