ПРИРОДЕН ЛИВАДСКИ МЕД СО САЌЕ

700.00 ден

Саќето ги содржи сите корисни состојки кои постојат и во другите пчелни производи. Џвакањето саќе благопријатно влијае врз слузокожата на дишните патишта.

ШИФРА: 011-1 Категорија: Ознаки: ,

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи кои се содржани во него, на пример витамин А. Џвакањето восок ги чисти забите и ја дезинфицира усната шуплина. Помага во чистењето на непцата и во отстранувањето на забниот камен.

Саќето ги содржи сите корисни состојки кои постојат и во другите пчелни производи. Џвакањето саќе благопријатно влијае врз слузокожата на дишните патишта. Бидејки заболувањата на дишните патишта често пати се поврзани со нарушување на метаболизмот и со недостаток на некои хранливи материи, тешко е да се процени значењето на исцелувачките карактеристики на медот во саќе.

Саќето е одлично средство за лекување настинки. Ова било познато уште во стар Египет. Се препорачува џвакање саќе 4-6 часа. Изџваканото треба да го плукнете. По правило, за лекување е потребно еден ден. Но може да се повтори и следниот ден. Овој начин е добар заради превентива од јаки синусни воспаленија наесен и напролет, кога веројатноста за заболување е најголема.

Лицата кои постојано употребуваат саќе до својата 16та година, ретко настинуваат, ретко заболуваат од треска или од други носни болести. Џвакањето саќе го јакне имунитетот на дишниот тракт кој трае најмалку четири години.

Парадентоза и крварење од непцата: за пречистување на непцата од гној, за зацврстување на непцата и за чистење на забен камен, се препорачува џвакање на саќе со мед.

За подетални информации и нарачка на моб 078 304 665. Иван

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се