ПРИРОДЕН ШУМСКИ МЕД

300.00 ден600.00 ден

Медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам.

ШИФРА: 002 Категорија: Ознаки: ,

Медот е извонредна храна, која по својот состав во целост одговара на физиолошките потреби на човечкиот организам. Тој се состои од глукоза и фруктоза наречени инвертен шеќер 75%, сахароза 5%, 1% протеини, 10-20% вода, ензими и други супстанции:

  • Од минералите највеќе содржи: калциум, фосфор, магнезиум, калиум, железо;
  • Од микроелементите: бакар, силициум, сулфур, алуминиум и други;
  • Од витамините: A, B1, B2, B6, PP, биотин, фолна и пантотенска к-на и други;
  • Ферменти: инвертаза, дијастаза, каталаза и други;
  • Органски киселини: особено глуконска, тиаминска, малеинска, килибарна, винска, лимонска, оцетна и др;
  • Антибактериски, ароматични и обоени материи што пчелите ги собираат од цветовите заедно со нектарот.

Не случајно медот завзема место во многу диети, како за слабеење, така и за болни лица. Се користи за исцрпени организми, за лица кои конзумираат лекови, заболувања на црниот дроб, жолчката, бубрезите и друго. Медот е идеален за утринска детоксикација.

Природниот мед кристализира и ова претставува природен процес, при што неговиот состав останува непроменет.

Освен што е одличен за имунитетот, медот содржи и каемпфенол и кверцетин антиоксиданси флавоноиди што спречуваат депресија и го одржуваат мозокот здрав.

Медот се препорачува во случај на депресија затоа што изобилува со глукоза и фруктоза шекери потребни за нормално функционирање на мозочните клетки.

Долгогодишните искуста покажуваат дека медот е ефикасна помош во лекување депресија, дека го отстранува проблемот со умор, безволност и несоница и ги подобрува концетрасцијата и памтењето.

Фосфорот од медот е многу битен за нервните клетки, а експертите велат дека без фосфот нема мислење. 

За подетални информации и нарачка на моб 078 304 665. Иван

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се