Во периодот на месец  декември пчелите се наоѓаат во зимско клубе.

Треба да им се обезбеди максимален мир да нема вознемирувања, освен дотолку тоа  е неопходно.

Пчеларот иако нема големи обврски околу пчелите треба да има навика да ги набљудува пчеларниците.

Пчелните семејства треба да бидат зазимени така што ќе им се обезбеди оптимална вентилација со цел да нема кондезација и да се појави влага.

Влезовите треба да се намалат поради можноста да влезе штетник во кошницата и да ги вознемирува.

Се појавуваат кратки топли периоди кога пчелите излегуваат на прочистителен лет, тогаш е пожелно да се присуствува на нив со цел да се прогнозира состојбата на пчелите.

Исто така има и мрзнење на полетувалките па задолжително е тргање на мразот поради слободно циркулирање на воздухот која е тесно врзана со микроклимата внатре во кошницата.

При појава на снежни наноси, снегот не се трга од капаците бидејќи им служи како изолатор.

Треба пчелните семејства да бидат благо наклонети нанапред за да има пад на водата.

Искусните пчелари можат  да ја следат состојбата на храна и здравјето со помош на шумот кои го создаваат при кратко чукање на кошниците:

  • нема шум значи семејството е мртво ,
  • при силно и краткотрајно зуење тогаш е во добра состојба,
  • кога има константно зуење тогаш немаме матица.

Во првата половина на овој месец, се покажа дека пчелите се најдобро подготвени  за третирање со оксална киселина, а исто така се појавуваат температурни можности за таа цел, при што го задаваме последниот и најважен смртоносен удар на крлежот.(Varoa destructor)

Пчеларите треба да ја користат литературата и да се подготвуваат за следната пролет.

Пожелно е да ја изменаџираат целата работа од напред, да ја знаат потребната опрема што ке им треба за пчеларење, за да стартуваат без пречки и благовремено со цел да имаат поголеми економски добивки.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се