Препорачливиот однос матичен млеч:мед е 1г : 100г. Најдобро е да се користи кристализиран мед, кој се става во емејлиран или порцелански сад, се додава млечот и се меша со дрвена лажица додека на површината не се појави бела пена. Добиената смеса потоа се распределува во теглички, кои се завиткуваат во фолија и се чуваат на темно и ладно место.

Оваа мешавина се употребува на празен стомак, половина час пред јадење, со лажичка дрвена или од пластика, под јазикот додека не се растопи и апсорбира од слузокожата под јазикот. Се употребува при лечење на различни болести како дополнително средство, во различни дозии и времетраење, а може да се користи и превентивно за зголемување на имунитетот.