Во БИБЛИЈАТА и КУРАНОТ, се препорачува јадењето на мед како здрава храна и лек за сите болести. Во средниот век многу народи од светот го користеле медот како состојка во слатки јадења, а од тоа време потекнува и употребата на медовината како значаен пијалок.
Сестрани истражувања на пчелните производи се извршени во 20 век, и со нив се потврдени нивните хранливи, диететски и лековити својства опишани од древните поети, уметници, мудреци и научници. Пчелните производи имаат многу сложен, многу компонентен состав со идеално ИЗБАЛАНСИРАНИ состојки кои со меѓусебното синергетично дејство претставуваат прави катализатори и биостимулатори за човечкиот организам.
Драгоцените природни состојки во овие производи се во вид на концентрат, што значи и со волуменски мали количини во организмот се внесуваат неопходните заштитни и лековити материи. Со употреба на пчелните производи луѓето го оспособуваат својот организам сам да се спротивставува на многу заболувања, а во консултација со апитерапист може да помогнат и при лечење на одредени заболувања.