Будење на организмот со природен мед во чаша топла вода

Будење на организмот со природен мед во чаша топла вода

Веројатно сте слушнале дека многу луѓе пијат наутро на гладно топла вода со мед. Ваква пракса е многу полезна за организмот. Вкусниот пијалок е одлична замена за кафе и го буди организмот, а потребни се само 7 минути за да се ресорбира целосно.

Додадете 1 супена лажица мед во чаша млака вода и пијте го ова секое утро. За подобри резултати можете да додадете сок од еден лимон и малку цимет.

Чашата мед и топла вода помагаат за намалување на килограми, обезбедуваат енергија и го прочистуваат организмот. Ова е особено полезна комбинација особено во зима затоа што: (more…)

MacBee го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“

MacBee го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење“

Македонското здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2020“. Настанот, кој MacBee веќе традиционално го организира неколку години наназад и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи. Главен презентер ќе биде гостинот од Австрија, г-ца Ана Пернер, професионален пчелар. Г-ца Пернер има долгогодишно искуство на пчеларење на семејната пчеларска фарма, која е една од најголемите производители на пчелни матици во Австрија. Таа е ангажирана и како секретар во Австриското здружение на одгледувачи на Крањска пчела (ACA). Темата на која ќе презентира г-ца Пернер е „Наш начин на пчеларење“.

Click here to learn more

Содржината стои тука
 

Настанот ќе се одржи на 15 декември 2019 година, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Овде можете да го превземете официјалниот флаер за настанот.

Извор: FB профил на MacBee

 

Здравје наспроти болест! МАТИЧЕН МЛЕЧ-Пчеларство ДОДЕВСКИ

Здравје наспроти болест! МАТИЧЕН МЛЕЧ-Пчеларство ДОДЕВСКИ

Матичниот млеч е познат одамна. Тој бил редок и драгоцен лек кој се чувал само за најбогатите слоеви. Кинезите и Русите веќе одамна го истражуваат неговото моќно влијание на нашето здравје и досега откриле многу чудесни својства на овој природен лек.

Тој е еден од најлековитите пчелини производи. Неговата лековитост помага кај многу болести, а нутриционистите го сметаат за најсовршена намирница на светот. Тој го лечи, храни и ревитализира телото.

Матичниот млеч е богат извор на минерали, витамини, протеини и ензими. Ги содржи витамините А, Б, Ц, Д и Е, а посебно висока концентрација има на витамин Б5 и Б6. Освен тоа, содржи и аминокиселини кои го спречуваат развојот на бактерии и вируси.

Тој го јакне нервниот систем, ја обновува енергијата и дава виталност. Во педијатријата се забележани многу позитивни резултати од лечењето со матичен млеч кај болестите на белите дробови и централниот нервен систем. Тој е одличен и за лечење на пореметувањата во исхраната кај малите деца.

Се смета и за природен анаболик кој помага кај слабоста поради болест или старост. Дава изненадувачки, но трајни ефекти на лечење на различни болести како последица на склеротичните и климактеричните процеси.

Кај спортистите, ја зголемува нивната издржливост, а е и одличен додаток во исхраната поради протеините кои ги содржи. Освен тоа, му помага на организмот брзо да се опорави кај скршеници и рани.

Помага кај висок холестерол, проблеми со висок притисок, покачени триглицериди, стенокардија и различни кардиоваскуларни заболувања. Тој често се користи и за лечење на неплодност кај мажите и жените.

Матичниот млеч го ублажува стресот, немоќта и несоницата. Има својства на природен антибиотик, а некои истражувања покажуваат дека тој може да го успори растот на туморот и клетките на ракот. Освен тоа, ги намалува последиците од хемотерапијата.

 

Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

Пример за успешен пчеларски бизнис – Пчеларник „Додевски“ (ВИДЕО)

Пчеларството сè повеќе се сфаќа како сериозна дејност и можност за успешен семеен бизнис. Потенцијалот и перспективите кои ги нуди државава за развој на оваа гранка се големи. Токму затоа потребна е поголема искористеност на сите ресурси, постојана едукација на пчеларите и истражување на можностите да се дојде до поголеми приноси во пчеларството.

Токму на оваа тема, а и за останати пчеларски прашања, говори Иван Додевски, сопственик на пчеларската фарма „Додевски“, во емисијата „Профит“ емитувана на „Наша ТВ“. Младиот, но искусен Додевски е пример за успешен пчелар, кој би требало да го следи секој оној кој има намера на пчеларството да смета како сериозен семеен бизнис.

Комплетната емисија „Профит“ посветена на пчеларството погледнете ја во следниве видеа:

1 дел  https://www.youtube.com/edit?o=U&video_id=QhYvB5FqSs4

2 дел  https://www.youtube.com/watch?v=Ya-fXtIHWxk

ПОКАНА ЗА НАСТАНОТ „ПЧЕЛАРСКИ ДЕН – ЗНАЕЊЕ И ДРУЖЕЊЕ 2018“

ПОКАНА ЗА НАСТАНОТ „ПЧЕЛАРСКИ ДЕН – ЗНАЕЊЕ И ДРУЖЕЊЕ 2018“

Македонското здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee, со задоволство Ви го претставува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот ќе понуди повеќечасовна програма која вклучува презентации од информативен и едукативен карактер. MacBee веќе неколку години организира настани од ваков карактер, каде на едно место се собрани ценети домашни и странски научни експерти од областа на пчеларството, професионални пчелари и пчеларски ентузијасти и вљубеници во пчеларството. Како и претходните, така и овој настан претставува одлична можност за надградба на Вашето пчеларско знаење, а воедно и да се информирате со активностите на MacBee.

Настанот ќе се одржи на 28 јануари 2018 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје.

MacBee со особена чест ги поканува сите вљубеници во пчеларството со своето присуство да го збогатат овој настан.

Комплетната програма на настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“, како и начинот на пријавување на учеството, погледнете ги во флаерот – соопштение за Пчеларски-ден-знаење-и-дружење-2018-флаер

 

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се