Специфичниот состав на прополисот ја одредува неговата употреблива вредност како производ со изразени биолошки активности, кои во некои европски земји (Германија, Швајцарија) се третира како лек, а во повеќе други (Австрија, Франција, Шпанија, Јапонија, Бразил, САД) тој се третира како додаток во исхраната. Skenderov and Ivanov (1986) даваат преглед на истражувањата на биолошките својства на прополисот:
Од многубројните биолошки својства кои ги покажува прополисот најрано била утврдена неговата активност против бактериите од Kivalkina во 1948 година. Таа го испитувала дејството на екстракти од прополис врз 19 видови патогени и непатогени бактерии и утврдила дека прополисот има бактерицидно (ги уништува бактериите) и бактериостатично (го задржува развојот на бактериите) дејство.
Подоцна оваа активност на прополисот ја утврдиле и други истражувачи, според Drago et.al и Marcucci et al 2001 прополисот покажува најако дејство спрема следниве видови на бактерии:
– Streptococcus pneumoniae
– Haemophilus influenzae
– Moraxella catarrhalis
– Staphylococcus aureus
– Klebsiella pneumoniae
– Escherichia coli
– Proteus mirabilis
– Pseudomonas aeruginosa
– Streptococcus faecalis
Според Drago et. al., дејството на прополисот врз овие бактерии воглавно е бактериостатично, додека бактерицидно дејство се манифестира само при висока концетрација .
Hashimoto et al. and Banskota et al. ја докажале способноста на прополисот да делува и на бактеријата Helicobacter pylori, и предлагаат користење на прополисот во лечење на чир во желудникот.
Покрај антибактериското, прополисот покажува и антигабно дејство против различни габи, кои воглавно предизвикуваат болести на кожата и косата. Ghisalberti, 1979 наведува дека прополисот делува против габите од видот на Candida and Trychosporon. Chu, 1978 утврдил дека прополисот делува врз габите од видовите Epidermophiton и Microsporum, и наведува дека габите кои предизвикуваат површински воспалувања на кожата се поосетливи на дејството на прополис во споредба со т.н длабоки габи. Jalomicjan et al. 1976 постигнале добри резултати при третирање на габата Candida albicans (предизвикувач на болести на усната шуплина, дишните патишта и дигестивниот тракт). Концетрацијата од 0,01% прополис во хранливата подлога потполно го инхибирала растењето на габите. Слични резултати при третирање на оваа габа добиле и Drago et al. 2000.
Прополисот делува и против едноклеточните паразити: (протозои): Sucgy, 1978 утврдил дека концетрација на прополис поголема од 1,8 мг/см кубни додадена во хранливата подлога потполно ги уништува паразитите Trichomonas vaginalis (предизвикувач на воспалување на половите органи кај мажите и мочните канали кај мажите), Higashi and Castro, 1994 and Marcucci et al. 2001 утврдиле антипротозно дејство на прополисот спрема Trypanosoma cruzi (паразит кој е присутен само во САД, се пренесува преку убод на инсекти и предизвикува срцеви промени, невролошки, промени во дигестивниот тракт или мешани промени).
Постојат податоци и за антивирусно дејство на прополисот. Bojnanski and Kosljarova, 1976 утврдиле дека прополисот во ниска концетрација го спречува развојот на некои растителни вируси – предизвикувач на мозаик кај краставиците, како и вирусот кој предизвикува пегавост и некроза кај тутунот.
Посебно внимание привлекува можноста за ефиксна примена на прополисот во борба против вирусот Herpes simpleks, која ја утврдиле Krisan et al. 1976, Bankova et al. 1988, Amorosa et al. 1994 и вирусот на грипот (Zuku et al.1976, Neychev et al.1988, Sekredjieva et al. 1992).
Покрај ова, најпознати и истражувачко антимикробно дејство, активните состојки на прополисот покажуваат и многу други својства кои ќе ги објавиме во вториот дел.