Правилна вентилација – предуслов за успешно презимување

Правилна вентилација – предуслов за успешно презимување

Покрај неопходната здраствена заштита и правилна и навремена прихрана на пчелните семејства, за успешно презимување потребно е на истите да им се обезбеди правилна вентилација.

Правилната вентилација е условена од повеќе фактори и постапки кои пчеларот ги спроведува во текот на есента и зимата. За да се обезбеди правилна вентилација во пчелните семејства потребно е пчеларот да ги превземе следните чекори:

– Да се затворат сите мали отвори и пукнатини на кошницата со помош на столарски кит или слично

– Доволно да се отвори летото на влезот на кошницата. Според основни принципи за секоја запоседнат меѓурамков простор (улици) со пчели потребно е да се обезбеди 3 сантиметри на отвор на летото. На пример: 6 улици со пчели треба да се обезбеди 18 сантиметри отвор на летото.

– Во однос на внатрешното средување на кошницата во последно време многу популарно е отстранување на една крајна рамка од северната страна за формирање на воздушен тунел преку кој се одвива олесната циркулација на воздухот во кошницата. Во исто време претставува и своевиден изолатор (воздухот е еден од најдобрите изолатори) од директниот удар на северниот ветер.

Откако ќе се отстранат хранилките потребно е на поклопната даска да се стави затоплувачки материјал за да преку него редовно и константно се елиминира влагата. Материјалот се поставува над отворот за хранилката, но откога преку него се поставува попречна даскичка.

Поставувањето на попречна даскичка

– Затоплувачкиот материјал потребно е да се проверува еднаш месечно и во случај на вага истиот да се преврти или замени со нов.

– Летото секогаш потребно е да биде отворено и непопречено за да може нормално да се одвива циркулацијата на воздухот во кошницата. Затоа треба да се внимава за да не дојде до натрупување на стопен и излизган снег пред самото лето. Треба да се знае дека свежиот снег е порозен и не претставува никаква опасност за пчелните семејства дури и во случај на целосно затварање. Многу поопасно е кога снегот по одреден период ќе се насобере во вид на грутки пред кошницата (најчесто од кровот на кошницата) и како полустврдната материја ќе го блокира летото.

Ваквиот снег може да се заледи и целосно да го оневозможи влегувањето на воздухот. Затоа пчеларот треба ваквиот снег внимателно (без многу тропање) да го отстрани.

Во Република Германија 90% од пчеларите имаат кошници со отворена подница, која во текот на целата зима е отворена со цел да се елиминираат штетните гасови како СО2 и водата т.е водената пареа. Единствен период на затварање на подниците е помеѓу доцен февруари и април, кога површината на леглото е најголема а бројот на пчели најмал.

Активности во месец октомври

Активности во месец октомври

Во овој месец пчелната паша е речиси целосно престаната, па поради тоа и матиците видно престануваат со полагање на јајца. Намалувањето на пчели или умирање на старите и истоштени е нормална појава во овој период од годината, бидејки сега се припрема пчелното семејство да зазими со млади и здрави пчели.

Многу битен фактор за зазимување на пчелите е и квалитетот и количината на храна, па затоа пчеларот мора да знае со колку храна располага пчелното семејство. Дотолки има слабо семејство или обезматичено најдобро е да се изврши спојување на истото со некое јако семејство.

Пчеларот ако нема извршено доволно третирања против вароата, во овој месец може да направи дополнителни третирања, а бидејки леглото е намалено па така и ефектот од третирањето може да биде поголемо.

Пчеларот мора да внимава најмногу при работата во пчеларникот да не предизвика грабеж, поради  немањето на храна во природата и немоќта да се одбранат слабите друштва се лесно подложни на грабежи а за таа цел може да ги намали влезовите во зависност од јачината на семејството и неговата способност да се одбрани при напад на пчели тугинки. Дотолку некоја од кошниците е стара, распукана и непогодна за зазимување на пчелите пчеларот  треба да ја замени со здрава дезинфецирана, ова се работи на сабајле или пред стемнување заради ризикот од грабежи.

Сета опрема која нема да биде во финкција треба да се складира во магацин и добро да се заштити од молци, глувци и други штетници.

Во овој месец можат да се посадат и медoносни растенија околу пчеларникот.

Што е тоа кристализиран мед или во народот познат како шеќердисан мед?

Што е тоа кристализиран мед или во народот познат како шеќердисан мед?

Многу потрошувачи на мед, при купувањето одбегнуваат да набават мед кој е кристализиран и исклучиво бараат течен. Поради тоа многу производители на мед, се обидуваат да го задоволат вкусот на потрошувачите и својот кристализиран мед го доведуваат до привлечна течна состојба. При тоа мораат медот да го загреваат, а некогаш и да го прегреат, а при тоа му ги одземаат многу значајните хранливи и извесни лековити својства поради кои и потрошувачите го купуваат.

Кристализацијата (во народот познато како шекердисан) е потполно нормална појава за медот, па дури таа е и доказ дека навистина се работи за природен мед.

Кристализацијата е процес при кои течниот мед се претвара во тврда кристална маса а при тоа го задржува својот состав, својствата и квалтетот. Брзина на кристализирање и големината на кристалите зависи од составот (растително потекло) на медот , условите на чување, присуство на кристални зародиши и други фактори. Багремовиот, костеновиот и некои видови на медликовец не кристализираат или кристализираат многу бавно, додека медот од репица, сончоглед и некои други видови на мед кристализираат уште во првите денови или седмици по центрифугирањето или уште во сотовите. Кристализацијата може да биде ситна и крупна.

Склоноста на медот да кристализира зависи од соодноста на фруктоза-гликоза и гликоза-вода. Ако соодносот гликоза-вода е под 1,7 медот не кристализира а ако е над 2,1 медот кристализира брзо. Колку е повисок соодносот фруктоза-гликоза толку побавно се одвива кристализацијата. Присуството на зародишни кристали од гликоза, полен, воздушни меурчиња, механички примеси и друго ја забрзуваат кристализацијата. Најповолна температура за кристализација е 13-15 Целзиусови степени. При пониски температури зголемувањето на кристалите се забавува поради зголемениот вискозитет и намалена дифузија, а при високи температури се зголемува растворливоста на шекерите.

МЛЕЧОТ И ЗДРАВЈЕТО I-дел

МЛЕЧОТ И ЗДРАВЈЕТО I-дел

Млечот го стимулира растењето и развојот а го забавува стареењето. Ја има силата на мајчиното млеко бидејки основна функција му е во кошницата да ја создаде матицата три пати потешка од другите пчели која живее 72пати подолго од нив и е најплодното суштество на Планетава. Затоа млечот на децата им овозможува нормален развој а на возрасните биолошки им ја зајакнува и помладува секоја клетка и ја штити од болести.

Матичниот млеч го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста од инфекции затоа што биостимулаторите во млечот силно го поттикнуваат создавањето на антителата и на леукоцитите. Природните антибиотици во млечот го неутрализираат или го уништуваат големиот број на бактерии и вируси предизвикувачи на најтешките инфекции и воспаленија: од грип и кариес до жолтица и миокардисот.

Матичниот млеч благопријатно влијае на нервниот и кариоваскиларниот систем бидејки ја подобрува циркулацијата на крвта. Го ублажува уништувањето на нервните клетки, го нормализира крвниот притисок, го забавува процесот на склероза на крвните садови, ја спречува појавата на проширени вени, инфаркт на миокардот и поремедување на венската циркулација и го забрзува излекувањето на веќе постојните болести.

Прополисот дејствува антибактерицидно, антигабно и антивирусно – чувар на нашето здравје I- дел

Прополисот дејствува антибактерицидно, антигабно и антивирусно – чувар на нашето здравје I- дел

Специфичниот состав на прополисот ја одредува неговата употреблива вредност како производ со изразени биолошки активности, кои во некои европски земји (Германија, Швајцарија) се третира како лек, а во повеќе други (Австрија, Франција, Шпанија, Јапонија, Бразил, САД) тој се третира како додаток во исхраната. Skenderov and Ivanov (1986) даваат преглед на истражувањата на биолошките својства на прополисот:
Од многубројните биолошки својства кои ги покажува прополисот најрано била утврдена неговата активност против бактериите од  Kivalkina во 1948 година. Таа го испитувала дејството на екстракти од прополис врз 19 видови патогени и непатогени бактерии и утврдила дека прополисот има бактерицидно (ги уништува бактериите) и бактериостатично (го задржува развојот на бактериите) дејство.
Подоцна оваа активност на прополисот ја утврдиле и други истражувачи, според Drago et.al и Marcucci et al 2001 прополисот покажува најако дејство спрема следниве видови на бактерии:
– Streptococcus pneumoniae
– Haemophilus influenzae
– Moraxella catarrhalis
– Staphylococcus aureus
– Klebsiella pneumoniae
– Escherichia coli
– Proteus mirabilis
– Pseudomonas aeruginosa
– Streptococcus faecalis
Според Drago et. al., дејството на прополисот врз овие бактерии воглавно е бактериостатично, додека бактерицидно дејство се манифестира само при висока концетрација .
Hashimoto et al. and Banskota et al. ја докажале способноста на прополисот да делува и на бактеријата Helicobacter pylori,  и предлагаат користење на прополисот во лечење на чир во желудникот.
Покрај антибактериското, прополисот покажува и антигабно дејство против различни габи, кои воглавно предизвикуваат болести на кожата и косата. Ghisalberti, 1979 наведува дека прополисот делува против габите од видот на Candida and Trychosporon. Chu, 1978 утврдил дека прополисот делува врз габите од видовите Epidermophiton и Microsporum, и наведува дека габите кои предизвикуваат површински воспалувања на кожата се поосетливи на дејството на прополис во споредба со т.н длабоки габи. Jalomicjan et al. 1976 постигнале добри резултати при третирање на габата Candida albicans (предизвикувач на болести на усната шуплина, дишните патишта и дигестивниот тракт). Концетрацијата од 0,01% прополис во хранливата подлога потполно го инхибирала растењето на габите. Слични резултати при третирање на оваа габа добиле и Drago et al. 2000.
Прополисот делува и против едноклеточните паразити: (протозои): Sucgy, 1978 утврдил дека концетрација на прополис поголема од 1,8 мг/см кубни додадена во хранливата подлога потполно ги уништува паразитите Trichomonas vaginalis (предизвикувач на воспалување на половите органи кај мажите и мочните канали кај мажите), Higashi and  Castro, 1994 and Marcucci et al. 2001 утврдиле антипротозно дејство на прополисот спрема Trypanosoma cruzi (паразит кој е присутен само во САД, се пренесува преку убод на инсекти и предизвикува срцеви промени, невролошки, промени во дигестивниот тракт или мешани промени).
Постојат податоци и за антивирусно дејство на прополисот. Bojnanski and Kosljarova, 1976 утврдиле дека прополисот во ниска концетрација го спречува развојот на некои растителни вируси – предизвикувач на мозаик кај краставиците, како и вирусот кој предизвикува пегавост и некроза кај тутунот.
Посебно внимание привлекува можноста за ефиксна примена на прополисот во борба против вирусот Herpes simpleks, која ја утврдиле Krisan et al. 1976, Bankova et al. 1988, Amorosa et al. 1994 и вирусот на грипот  (Zuku et al.1976, Neychev et al.1988, Sekredjieva et al. 1992).
Покрај ова, најпознати и истражувачко антимикробно дејство, активните состојки на прополисот покажуваат и многу други својства кои ќе ги објавиме во вториот дел.

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празнаВрати се