Занимливости
Медот е традиционален лек за воспаление на грлото, студии потврдиле дека е поделотворен дури и од медикалентите што се препишуваат во таков случај. Благодарение на своите антивирусни, антибактериски и антигабични својства, медот ги спречува инфекциите, го зајакнува имунитетот и значајно го забрзува закрепнувањето.
Се мешаат еднакво количество на мед и јаболков оцет, па се јаде по една лажица од мешавината на секои 4 часа.
Исто така, едноставно во шолја топла вода додајте една лажица мед исцедете половина лимон и пијте во голтки
Пчеларско катче
Лобирањето и придобивањето за остварување на некоја цел не се својствени само за човекот. Резултатите од повеќе годишните научни истражувања упатуваат на тоа дека овој метод го користат и пчелите при роењето. истакнатите пчеларски стручњаци P. Kirk Visscher, Thomas Seeley и Kevin Passino во “Group Decision Making in Honey Bee Swarms”, во јулскиот број на пчеларското списание “Stratford-Upon-Avon & District pčelarske asocijacije” наведуваат дека во текот на роењето медоносната пчела за новото живеалиште одлучува по пат на “кворум”. Големите друштва се множат со роење при што старата матица ја напушта заедницата при тоа со себе водејќи го својот ,,мираз,, во вид на пчели работнички за да на одредено место формира нова пчелна заедница. После изројувањето, работничките формираат рој кој најчесто се спушта “фаќа” на некоја гранка која му овозможува да виси. Вака фатениот рој на тоа место ќе остане се додека на најде соодветно ново живеалиште. Процесот “осет на кворум” кај пчелите во секој поглед е ист како и кај мравките Temnothorax. Имено мал број на пчели работнички во вид на извидница го напуштаат ројот во потрага по соодветно ново живеалиште.
Откако ќе го пронајдат сите одделно го проценуваат квалитетот на новото живеалиште. После тоа пчелите извиднички се враќаат во ројот и почнуваат секоја посебно да придобива пчели за новото живеалиште, при тоа користејќи го пчелниот танц со треперење и вртење. Но наместо информацијата да ја пренесуваат временски, работничките квалитетот на пронајденото живеалиште го изразуваат преку бројни повторувања на танцот. Извидничките кои пронашле полошо живеалиште престануваат да играат порано и стануваат придобиени од пчелите што пронашле подобра локација.
Пчелите извиднички со својот танц точно знаат колку останати извиднички имаат придобиено, обично тоа е помеѓу 10 и 20 пчели, и кога ќе успеат да ги убедат, се враќаат во ројот и започнуваат со нови регрутирања испуштајќи соодветен вибрацион звук. Овие вибрациони сигнали го покренуваат ројот и тој ќе одлети точно на пронајденото место каде што ќе се насели и ке продолжи да работи.
Пчеларско катче
Покрај неопходната здраствена заштита и правилна и навремена прихрана на пчелните семејства, за успешно презимување потребно е на истите да им се обезбеди правилна вентилација.
Правилната вентилација е условена од повеќе фактори и постапки кои пчеларот ги спроведува во текот на есента и зимата. За да се обезбеди правилна вентилација во пчелните семејства потребно е пчеларот да ги превземе следните чекори:
– Да се затворат сите мали отвори и пукнатини на кошницата со помош на столарски кит или слично
– Доволно да се отвори летото на влезот на кошницата. Според основни принципи за секоја запоседнат меѓурамков простор (улици) со пчели потребно е да се обезбеди 3 сантиметри на отвор на летото. На пример: 6 улици со пчели треба да се обезбеди 18 сантиметри отвор на летото.
– Во однос на внатрешното средување на кошницата во последно време многу популарно е отстранување на една крајна рамка од северната страна за формирање на воздушен тунел преку кој се одвива олесната циркулација на воздухот во кошницата. Во исто време претставува и своевиден изолатор (воздухот е еден од најдобрите изолатори) од директниот удар на северниот ветер.
Откако ќе се отстранат хранилките потребно е на поклопната даска да се стави затоплувачки материјал за да преку него редовно и константно се елиминира влагата. Материјалот се поставува над отворот за хранилката, но откога преку него се поставува попречна даскичка.
Поставувањето на попречна даскичка
– Затоплувачкиот материјал потребно е да се проверува еднаш месечно и во случај на вага истиот да се преврти или замени со нов.
– Летото секогаш потребно е да биде отворено и непопречено за да може нормално да се одвива циркулацијата на воздухот во кошницата. Затоа треба да се внимава за да не дојде до натрупување на стопен и излизган снег пред самото лето. Треба да се знае дека свежиот снег е порозен и не претставува никаква опасност за пчелните семејства дури и во случај на целосно затварање. Многу поопасно е кога снегот по одреден период ќе се насобере во вид на грутки пред кошницата (најчесто од кровот на кошницата) и како полустврдната материја ќе го блокира летото.
Ваквиот снег може да се заледи и целосно да го оневозможи влегувањето на воздухот. Затоа пчеларот треба ваквиот снег внимателно (без многу тропање) да го отстрани.
Во Република Германија 90% од пчеларите имаат кошници со отворена подница, која во текот на целата зима е отворена со цел да се елиминираат штетните гасови како СО2 и водата т.е водената пареа. Единствен период на затварање на подниците е помеѓу доцен февруари и април, кога површината на леглото е најголема а бројот на пчели најмал.